Достапни линкови

Полицајци не сакаат обука од истакнат демонстрант


Министерството за внатрешни работи реагира на ситуацијата на Државниот универзитет во Тетово каде требаше да се одржи регионалната работилница организирана од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје иизразува жалење за скандалот што се случи. Според МВР разбирлив е револтот на полициските службеници кои ја напуштиле просторијата оти во улога на предавач односно инструктор се јавува лице кое секојдневно ја напаѓа и навредува полицијата.

Еден од предавачите бил Павле Богоевски, еден од најистакнатите демонстранти на Шарената револуција. Богоевски на двапати беше накратко приведуван од полицијата за време на протестите.

Министерството за внатрешни работи јавно апелира до Мисијата на ОБСЕ во Скопје во иднина да прави проверки кого ангажира, бидејќи е неприфатливо лица кои нанесуваат штети од стотици илјади евра, кои рушат споменици, ја напаѓаат и навредуваат полицијата во исто време да бидат и нејзини едукатори, се наведува во соопштението на МВР.

XS
SM
MD
LG