Достапни линкови

Турција ја делат уште пет услови за визна либерализација


Турција треба да исполни уште пет услови, кои се неопходни за укинување на визниот режим за турските граѓани при патувања во земјите на ЕУ, изјави денеска еврокомесарот за внатрешни работи, миграција и државјанство Димитрис Аврамопулос.

„Анкара исполни вкупно 67 услови и останаа уште малку критериуми кои треба да се исполнат за приклучување во процесот. Може да се заклучи дека ситуацијата е значително подобра“, истакна Аврамопулос.

Турција е потребно да исполни вкупно 72 услова за укинување на визниот режим.

Европската комисија на почетокот на мај препорача воведување визна либерализација за краткорочни патувања на турски граѓани, но дури откако Турција ќе ги исполни сите 72 услова.

XS
SM
MD
LG