Достапни линкови

Македонија утре во жолта фаза


Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на утрешниот ден територијата на целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, соопшти Министерството за здравство.

Граѓаните од целата држава, како што се наведува, потребно е да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, а особено да се внимава при подготовката и консумирањето на храната.

На хронично болните лица им се препорачува редовно да ја земаат пропишаната терапија.

XS
SM
MD
LG