Достапни линкови

Експлозија на автомобил бомба во Ирак


Најмалку седум луѓе загинале, а 11 се повредени во експлозија на автомобил бомба северно од Багдад. Ирачките власти соопштуваат дека експлозијата се случила денеска на контролен пункт во Рашидија, а ова е втора експлозија во таа област за два дена. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но организацијата Исламска држава презеде одговорност за многу напади што се случија во Ирак во изминатите месеци. Во сличен напад во Рашидија вчера загинаа 12 луѓе. Само минатата недела во напади за кои ИД презеде одговорност загинаа речиси 300 луѓе.

XS
SM
MD
LG