Достапни линкови

Турција ги протерува курдските бунтовници од градовите


Турските безбедносни сили во голема мера ги протераа курдските бунтовници од градските средини во земјата, изјави турскиот премиер Бинали Јилдиримпренесоа тамошните медиуми. Тој изјавил дека ќе продолжат да ги прогонуваат бунтовниците се додека не престанат терористички инциденти. Курдскиот конфликт во Турција минатото лето беше обновен по прекинот на примирјето, што траеше повеќе од две години. Во операциите на турската армија против курдските бунтовници, кои поставуваа барикади во градовите во југоисточниот дел од земјата, беа убиени и цивили. Освен тоа, десетици илјади цивили беа принудени да ги напуштат своите домови заради борбите.

„Хјуман рајтс воч“ неделава соопшти дека турската Влада ги блокира независните истраги за претпоставните масовни злоупотреби против цивилите во југоисточна Турција.

XS
SM
MD
LG