Достапни линкови

Косовските власти во потрага по масовна гробница


Во универзитетскиот град во Приштина, во непосредна близина на тамошната недовршена православана црква, денеска почнаа ископувања поради сомнеж дека на тоа место се наоѓа масовна гробница на жртви, убиени за време на војната во 1999 година во Косово. Обвинителот Елез Блакај за приштинските медиуми изјави дека ископувањата почнале по наредба на Специјалното обвинителство на Косово. Според него, постојат стравувања дека на неколку места во универзитетскиот град има неколку масовни гробници и тие ќе се ископуваат една по една.

XS
SM
MD
LG