Достапни линкови

Германија може да ги повлече војниците од базата Инџирлик


Германија ќе ги повлече своите војници од военовоздухопловната база Инџирлик во Турција доколку Анкара и натаму не им дава одобрение на германските пратеници да ги посетат војниците, изјави вицеканцеларот Зигмар Габриел во денеска објавениот коментар, пренесен од британските медиуми.

Турција, гневна од минатомесечното усвојување на резолуцијата во германскиот Парламент, што масакрот врз Ерменците од 1915 година од страна на османлиските сили го оцени како геноцид, го одби пристапот на германските пратеници до базата.

„Германската армија одговара пред Парламентот. Доколку Парламентот не може да ја посети својата армија, тоа значи дека неговата армија не може да остане таму Тоа е апсолутно јасно“, изјави Габриел за регионалниот весник „Мителдојче цајтунг“.

XS
SM
MD
LG