Достапни линкови

Лидерите на Русија, Иран и на Азербејџан на средба во Баку


Претседателите на Русија, Иран и на Азербејџан се очекува следниот месец да се сретнат во Баку. Иранските власти денеска соопштија дека рускиот претседател Владимир Путин, иранскиот Хасан Рохани и нивниот азербејџански колега Илхам Алиев ќе се сретнат на 8 август во главниот град на Азербејџан. Најавата за средба доаѓа на еден ден откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека тројцата лидери треба да се сретнат и да разговараат за новиот формат на регионална соработка. Се очекува тие да разговараат за економска соработка, билатерални односи, како и за Конвенцијата за Каспиското Море, документ со кој ќе се дефинира сопственоста меѓу земјите кои излегуваат на Касписко Море.

XS
SM
MD
LG