Достапни линкови

Денеска Совет НАТО Русија


B

B

НАТО и Русија денеска ќе ги одржат првите разговори откако Алијансата на самитот во Варшава во минатата недела се согласи да го зголеми военото присуство во источна Европа поради страхувањата кои се зголемија по руската агресија во Украина. Станува збор за состанок на амбасадорите на 28 земји членки на НАТО со претставници на Русија. Тоа е втора таква средба од 2014 година, односно по анексијата на украинскиот полустров Крим. Москва силно се противи на присуството на војници на Алијансата во близина на руските граници.

XS
SM
MD
LG