Достапни линкови

Претставничкиот дом на САД против нуклеарниот договор со Иран


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска треба да гласа за ограничување на нуклеарниот договор што администрацијата на претседателот Барак Обама го постигна со Иран. Со легислативата се воведуваат нови санкции врз Иран доколку спонзорира тероризам или ги нарушува човековите права. Републиканците кои имаат контрола во Сенатот и во Претставничкиот дом едногласно се против нуклеарниот договор со Иран. „Мора да направиме се што можеме да ги запреме многу опасните активности на Иран“, изјави републиканецот Ед Ројс, претседател на Комитетот за надворешни односи и спонзор на новата легислатива.

XS
SM
MD
LG