Достапни линкови

Почина екс лидерот на хрватските срби Горан Хаџиќ


 Горан Хаџиќ

Горан Хаџиќ

Во Нови Сад почина поранешниот претседател на Република Српска Краина, Горан Хаџиќ. 57 годишниот Хаџиќ, кој имаше тумор на мозокот, во април 2015 година беше пуштен на привремена слобода за натамошно лекување, а судењето во Хаг во април годинава беше прекинато на неодредено време. Од тогаш тој живеееш во Нови Сад. Хаџиќ, како последен обвинет во бегство, српските власти го уапсија во летото 2011 година. Тој беше обвинет за прогон на Хрватите врз расна, верска и политичка основа, за истребување, убиства, незаконско притворање, мачење, нечовечки дела, депортација и присилно преместување во периодот од 1991 до 1993 година во источна Славонија и Книнска краина.

XS
SM
MD
LG