Достапни линкови

Обама: не сме толку поделени како што изгледа


Американскиот претседател Барак Обама им оддаде почит на петтемина полицајци кои во минатата недела беа убиени од снајперист во Далас во текот на протестите против полициското насилситво врз афромериканци. Обама рече дека САД не се толку поделени како што изгледа во атмосфера на расни тензии и инциденти со почицијата. „Дојдов за да кажам дека треба да го отфрлиме очајот“, рече Обама кој заедно со сопругата Мишел и поранешниот претседател Џорџ Буш присуствуше на комемомарцијата на петтемина убиени полицајци.

XS
SM
MD
LG