Достапни линкови

logo-print

САД да помогнат за слобода на медиумите во Западен Балкан


Вашингтон мора да работи за да ги обесхрабри владите на земјите од Западен Балкан да ја загрозуваат слободата на медиумите, вели во интервју за Радио Слободна Европа Томас Милиа, помошник-администратор за Европа и Евроазија во Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Тој вели дека знаци на притисоци врз независните медиуми се појавуваат и во земји членки на ЕУ, на пример во Унгарија, како и во земјите кандидатки, како Грузија.

Тој вели дека притисоци има и во земјите од Западен Балкан, а САД треба да бидат со будно око и да ги поттикнат и владините лидери и политичките лидери да ја ценат предноста што доаѓа од општество со независни медиуми.

Во својот годишен извештај за слободата на медиумите, Фридом хаус изрази загриженост за насилството врз новинарите во земјите од Западен Балкан, а во извештајот Македонија беше сместена во групата на „неслободни“ земји во однос на медиумските слободи. Тој нотира и бранови на отпуштање на новинари во земјите од Западен Балкан.

УСАИД финансира бројни медиумски проекти во земјите од Западен Балкан. Конгресот на САД за фискалната 2017 одобри повеќе од 60 милиони долари помош за земјите од поранешна Југославија за проекти во категоријата демократија, човекови права и владеење на правото.

XS
SM
MD
LG