Достапни линкови

Во железничката несреќа во Италија загинаа 20 луѓе


Најмалку 20 луѓе загинаа во судирот меѓу два воза во јужниот дел на Италија, потврдија тамошните власти. Тие велат дека во несреќата се повредени уште 35 луѓе, од кои 18 се во критична состојба. Несреќата се случила во близина на градот Бари, а властите соопштија дека голем дел од патниците биле студенти кои оделе кон Универзитетот во Бари, како и патници упатени кон меѓународниот аеродром во Бари. Премиерот Матео Ренци го прекина говорот во Милано за да се каже дека Италија нема да запре се додека не се дознае што се случило.

XS
SM
MD
LG