Достапни линкови

logo-print

Москва прогласи новинари од Крим за терористи


Новинарот Микола Семена.

Новинарот Микола Семена.

Властите во Москва прогласија 22 Украинци родени на Крим за „терористи и екстремисти“. На листата, објавена денеска од Федералната служба за финансиски мониторинг, се наоѓаат новинари, граѓански активисти и политички затвореници кои ја критикуваа руската анексија на Крим. На црната листа се најде и Микола Семена, кој е соработник за вести од Крим на Радио Слободна Европа. САД, Европската унија, ОБСЕ и светските медиуми изразија загриженост во врска со нападите врз независни новинари и активисти во Крим.

XS
SM
MD
LG