Достапни линкови

logo-print

МВР - демонстранти влечеа и туркаа полицајци


Министерството за внатрешни работи во соопштение за вчерашните протести наведува дека демонстрантите се обиделе да го пробијат кордонот на улица Македонија при што ги туркале и ги влечеле полицајците. Во соопштението МВР наведува дека вчера попладне во 16 и 30 група од 50 до 60 граѓани организирани од граѓанското движење „Протестирам“ започнале со ненајавен протест пред Министерството за финансии. А вечерта демонстрантите од Шарена револуција сакале да им се приклучат на другата група поставена пред Министерството за финанси, но дека бил поставен кордон на улица Македонија за да не се дозволи движење кон Министерството. Во соопштението стои дека група демонстранти со употреба на физичка сила кон полицискиот кордон успеала да го пробие кордонот, а потоа да гаѓаат со боја и со еден пиротехнички факел кон Министерството. Понатаму се наведува дека од страна на полициските службеници ангажирани на вчерашниот протест, во ниту еден момент не биле употребени средства за присилба или димни и шок бомби.

XS
SM
MD
LG