Достапни линкови

Акција на МВР „Лотос“ против нарко дилери


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Дваесет и четири луѓе се приведени рано утрото во полициската акција „Лотос“, при што е сузбиена криминална структура од подрачјето на Велес, соопшти министерот за внатрешни работи Митко Чавков. Според МВР, организаторот на групата, освен што продавал хероин и марихуана, како и амфетамин на уживатели и дилери, воспоставил и мрежа на препродавачи низ повеќе градови во Македонија.

Чавков информираше дека се извршени претреси на 24 локации и кај исто толку лица, од кои 11 на подрачјето на Велес, четири во Скопје, три во Свети Николе, две во Кочани и по еден претрес на подрачјата на Штип, Кавадарци, Гевгелија и Струга. При претресите, посочи Чавков, се пронајдени и одземени околу 5.500 евра, околу 100 грама хероин, 160 грама смеса кофеин и парацетамол, ваги и паковки хероин и мрихуана спремни за продажба.

XS
SM
MD
LG