Достапни линкови

Секретарот за одбрана на САД во посета на Авганистан


Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер рече дека одлуката со која им се дава на американските команданти повеќе авторитет да работат со авганистанските сили и да ги нападнат талибанските милитанти ќе ја зголеми ефикасноста на американските војници во Авганистан. Тој рече дека авганистанската влада забележува напредок во борбата против корупцијата, а тоа е клучно за да може да продолжи меѓународна поддршка за Авганистан.

Картер денеска одржа заедничка прес-конференцијата со авганистанскиот претседател Ашраф Гани. Посетата доаѓа на неколку денови откако американскиот претседател Барак Обама најави дека нема да се намали бројот на американски војници во Авганистан како што беше првично планирано, туку дека 8.400 војници ќе останат и следната година во Авганистан.

XS
SM
MD
LG