Достапни линкови

Чавков против специјално одделение во МВР за случаите на СЈО


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков вели дека нема потреба од специјално одделение во МВР за случаите на СЈО. Тој вели дека не ја гледа логиката зошто би имало потреба од таков посебен организациски орган и дека тоа би било нефункционално. На прашањето дали има некаква одлука за началникот на 5-та Управа, Горан Грујевски, министерот Чавков информираше дека се уште нема одлука затоа што тој е на боледување, а неговиот статус не може да се третира додека е на боледување. На новинарско прашање за полициското обезбедување за време на протестите, министерот Чавков појасни дека безбедносните проценки се прават на тактичко ниво во рамки на СВР Скопје. Чавков тврди дека се обезбедуват објекти од витално значење, меѓу кои не е седиштето на ВМРО - ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG