Достапни линкови

Опасна година за новинарите во Авганистан


Првата половина од годинава била опасен период за новинарите кои работат во Авганистан. Авганистанскиот комитет за безбедност на новинарите соопшти дека годинава во земјата се убиени 10 новинари. Регистрирани се 54 дела насилства врз новинари, што е за 38 отсто повеќе од истиот период минатата година. Во извештајот се наведува дека насилните инциденти вклучуваат убиства, напади, апсења и акти на заплашување, а повеќето дела биле извршени од „лица поврзани со владата“. Од вкупниот број на напади Талибанците се виновни за околу 30 отсто. Комитетот заклучил и дека се намалува бројот на новинарки, како што се зголемуваат насилствата.

XS
SM
MD
LG