Достапни линкови

СДСМ: Македонија се оддалечува од евроатланските интеграции


СДСМ денеска оцени дека Самитот на НАТО во Варшава покажал оти власта се повеќе ја оддалечува земјата од евроатланските интергации.

„На тоа упатуваат изразената загриженост дека не се спроведува Договорот од Пржино, како начин за излез од политичката криза и повикот за демократски дијалог, создавање услови за веродостојни избори, обезбедување владеење на правото, независно судство, слобода на медиумите. Колку се сериозни овие критики за Македонија покажува пораката дека лидерите на Алијансата ќе продолжат внимателно да ги следат случувањата во Македонија“, рече на прес-конференција членот на Извршниот одбор и претседател на партиската Комисија за одбрана Максим Димитриевски.

Според СДСМ, изминатите 10 години власта свесно ја оддалечува Македонија од евроатланските процеси, а доколку би имало одговорност, тогаш на Самитот во Варшава организиран на ниво на шефови на држави и влади, немало да бидат пратени двајца министри.

XS
SM
MD
LG