Достапни линкови

Матурантите подобро знаат странски отколку мајчин јазик


Со средна оценка од 3,42 положиле матурантите кои полагаа на трите екстерни предмети во јунската сесија од државната матура за учебната 2015/2016 година. Средната оценка годинава е за малку повисока од минатогодишната просечна оценка од 3.37. Во јуни за државна матура беа пријавени 16.859 кандидати.

Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), деветтата генерација матуранти покажала најдобри резултати на тестот по странски јазик (француски, германски или руски) за кој средната оцека е 3.99. Од трите екстерни предмети, задолжителен за сите матуранти е мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, по кој годинава вкупниот просек е 3.66.

Приговори на резултатите може да се поднесуваат од денеска до 14 јули во училишните комисии. Конечните резултатите од полагањето во јуни ќе бидат објавени на 20 јули во училиштата.

XS
SM
MD
LG