Достапни линкови

logo-print

Кина нема историско право на Јужно Кинеско Море


Кина нема историско право на островите во Јужно Кинеско Море, пресуди денеска Меѓународниот суд во Хаг. Постојаниот арбитражен суд денеска соопшти дека Кина нема историско право над водите во Морето, а со тоа ниту на островите кои се наоѓаат таму. Кина ја отфрли пресудата на Судот во Хаг, како ништовна и неважечка. Во соопштението на кинеската влада се додава дека Пекинг ниту ја прифаќа, ниту ја признава одлуката. Од Судот велат дека барањето на Пекинг да имаат историско право на областа е спротивно на Конвенцијата на ОН за морето. Одлуката е донесена за спорот што го покренаа Кина и Филипини.

XS
SM
MD
LG