Достапни линкови

Многу Европјани ги поврзуваат бегалците со тероризам


Многу Европјани сметаат дека постои врска меѓу бегалската криза и зголемувањето на заканата од тероризам во Европа, покажува истражувањето спроведено во 10 земји членки на ЕУ. Европа прими повеќе од еден милион мигранти минатата година, мнозинство од нив муслиманските бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан. Најголем дел од нив побарале азил во Германија и Шведска. Истражувањето го спроведе Истражувачкиот центар Пју со седиште во Вашингтон. Во осум од 10-те земји опфатени со истражувањето, најмалку половина од анкетираните веруваат оти со бегалците ќе се зголеми веројатноста за појава на тероризмот. На врвот на листата со такво размислување се Унгарците и Полјаците, иако нивните земји од друга страна примиле релативно мал број на бегалци.

Истражувањето е спроведено пред Британија да спроведе референдум за напуштање на ЕУ и ги опфаќа уште и Германија, Шведска, Холандија, Велика Британија, Франција, Шпанија, Италија и Грција.

XS
SM
MD
LG