Достапни линкови

Министерството за финансии со реакција за протестите


Министерството за финансии го осудува вчерашното однесување на учесниците во протестите организирани од граѓанската иницијатива „Протестирам“ при што фасадата на зградата беше оштетена со боја. Во писмената реакција на Министерството се наведува дека институцијата го почитува неприкосновеното право на граѓаните за мирен протест, но го осудува вандалското однесување на поединци кои оштетуваат државен имот изграден со парите на граѓаните.

Дел од демонстрантите од Шарената револуција синоќа неколкупати успееаја со помош на чатал да го погодат со боја Министерството за финансии, откако беа блокирани од полицијата да протестираат пред зградата на институцијата.

Тие протестираа против еврообврзницата од 640 милиони евра

XS
SM
MD
LG