Достапни линкови

Нова партиска средба во Скопје


шефот на Делегацијата на ЕУ амбасадорот Аиво Орав

шефот на Делегацијата на ЕУ амбасадорот Аиво Орав

Претставници на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино денеска треба да одржат нова средба во обид да ги надминат несогласувањата што го попречуваат решавањето на политичката криза. Се очекува и на ова продолжение на разговорите да присуствуваат амбасадорите на ЕУ и на САД Аиво Орав и Џес Бејли. Евроамбасадорот Орав по вчерашната рунда разговори во резиденцијата на ЕУ во Пржино изјави дека договор се уште нема, но има одреден напредок и оти се надева дека на денешната нова средба ќе биде постигнато повеќе. Тој информира дека партиските преставници побарале дополнително време за консултации со раководставата на партиите. На брз договор и надминување на политичката криза, вчера во Скопје повика помошникот-државен секретар на САД за Европа и Евроазија Викторија Нуланд. По средбите со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ, на ДУИ и на ДПА, таа порача дека е потребно целосно да се спроведе Договорот од Пржино и што поскоро, во наредните денови, да се постигне договор за одржување избори со цел излегување од политичката криза во која се наоѓа Македонија.

XS
SM
MD
LG