Достапни линкови

Наредби за прекин на огнот во Судан


Претседателот на Јужен Судан Салва Кир и Риек Мечар, лидерот на бунтовниците кои се борат против владата, соопштија дека им наредиле на нивните сили да го прекинат огнот. До ова дојде по петдневните борби во главниот град на Јужен Судан, Џуба меѓу владините и опозициските сили. Најжестоки борбите биле во близина на базата на мировниците на Обединетите нации кај Џуба каде што има над 30 илјади бегалци. Кинеските медиуми јавуваат дека за време на борбите загинал еден кинески припадник на мировните сили.

XS
SM
MD
LG