Достапни линкови

Кери во Москва на разговори со Лавров


Стејт департментот соопшти дека американскиот државен секретар Џон Кери на 14 и 15 јули ќе престојува во Москва на разговори со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за Сирија, Украина и за Нагорно Карабах. Официјален Кремљ ја потврди посетата, изразувајќи надеж дека таа ќе создаде атмосфера која ќе овозможи подобрување на односите меѓу Русија и САД. „Глобалната стабилност и решенијата за многу меѓународни кризи зависат од добрите односи меѓу Москва и Вашингтон“, се наведува во соопштението на руското министерство за надворешни работи.

XS
SM
MD
LG