Достапни линкови

Шарената револуција го обои Министерството за финансии


Демонстрантите од Шарената револуција меѓу зградите на Градски ѕид со чаталот неколку пату успеаја да го погодат со боја Министерството за финансии, откако беа блокирани од полицијата да протестираат пред зградата на институцијата.

Тие безуспешно се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон и потоа преку подземни алтернативни премини низ гаражите на градскиот ѕид се пробија до Министерството. Полицијата на дел од демонстрантите не им дозволи да излезат од влезовите на зградите.

Демонстрантите претходно наидоа и на блокада на полицијата на улица Македонија, по што следеа турканиците кај премините меѓу зградите кои водеа до Министерството за финансии. Тие извикуваа „Шутка не ти бега Никола“, „Полициска држава и пуштете го народот“, а полицајците ги потсетуваа дека земаат плата од сите граѓани на Македоинија, а штитат криминалци.

Протестот на Шарената револуција против еврообврзницата од 640 милиони евра вечерва почна пред просториите на Специјалното јавно обвинителство. Демонстрантите носеа транспарент со порака 1.1 милијарди причини за крај“.

Демонстрантите велат дека процесот околку издавањето на еврообврзницата не е транспарентен, бидејќи никакви информации на веб-страницата на Министерството за финансии, ниту, пак, презентација пред јавноста за нејзината потреба.

Граѓаните кои протестираа велат дека бараат оставка од актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање преодна влада која нема безобразно да ја задолжува земјата и граѓаните, туку ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG