Достапни линкови

Шарената револуција против еврообврзницата


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Полициски кордон ги пречека демонстрантите на улица Македонија, блокирајќи им го патот кон Министерството за финансии. Тие протестот против еврообврзница од 640 милиони евра го почнаа пред Специјалното јавно обвинителство. Демонстрантите носат транспарент со пораката „1,1 милијарди причини за крај“. Од Шарената револуција велат дека бараат оставка од актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање преодна влада која нема безобразно да ја задолжува земјата и граѓаните, туку ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори. Дел од критиките на Шарената револуција се однесуваат и на тоа дека во однос на еврообврзницата нема никакви информации на веб-страницата на Министерството за финансии, ниту презентација пред јавноста за нејзината потреба.

Задолжувањето кое може да достигне 650 милиони евра преку издавање нова петта по ред еврообврзница стана предмет и на политички препукувања. Опозицијата укажува дека не постои законска основа за издавање на еврообврзница, но Министерството за финансии реагира дека еврообврзницата се издава согласно законската регулатива и цитира членови од Законот за јавен долг и Законот за Влада.

XS
SM
MD
LG