Достапни линкови

Во Сребреница погребани 127 жртви од масакрот во 1995


Илјадници босански муслимани оддадоа почит на 127 жртви од масакрот во Сребреница во 1995 година, кои беа погребани денеска во одделни гробови.

Секоја година на 11 јуни во Меморијалниот центар Поточари, близу до Сребреница, се погребуваат нови индетификувани останки на жртвите од масакрот во Сребреница.

За геноцидот во Сребреница беа обвинети лидерите на босанските Срби, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ.

Караџиќ беше осуден во март годинава на 40 години затвор, а судењето на Младиќ се уште не е завршено.

XS
SM
MD
LG