Достапни линкови

logo-print

Попоски - Нуланд за решавањето на кризата


Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретна со помошникот-државен секретар на САД за Европа и Евроазија Викторија Нуланд.

„Напредокот во решавањето на внатрешно-политичката криза во контекст на евро-атланската интеграција на Република Македонија беше главна тема на средбата“, стои во соопштението од МНР.

Попоски и Нуланд, како што се наведува, разменија мислења и за низа актуелни теми од регионален карактер, за безбедносните предизвици, како и за активностите во рамки на глобалната коалиција за борба против тероризмот.

XS
SM
MD
LG