Достапни линкови

САД испраќаат дополнителни сили во Ирак


САД ќе испратат дополнителни 560 војници во северен Ирак за да учествуваат во борбата против екстремистичката група Исламска држава, изјави денеска секретарот за одбрана на САД Ештон Картер.
Тој говорејќи за време на посетата на Багдад рече дека новите војници ќе помогнат во борбата за повторна контрола на Мосул кој сега се наоѓа во рацете на милитантите на ИД. Ирачките сили потпомогнати од меѓународните сојузници предводени од САД ќе ја користат воздушната база Кајара која неодамна беше преземена од ИД. Со дополнителните сили вкупниот број на американски војници во Ирак ќе изнесува 4.650.

XS
SM
MD
LG