Достапни линкови

logo-print

Средба Јолевски-Карпентер за евроатлантските интеграции


Македонија е силно посветена на евроатлантските интеграции, а за тоа има несомнена поддршка од земјите-членки на Алијансата, особено Соединетите Американски Држави, заклучиле на денешната средба во Скопје, министерот за одбрана Зоран Јолевски и Мајкл Карпентер, заменик-помошникот на секретарот за одбрана на САД.

Заменик-помошникот на секретарот за одбрана, Карпентер се заблагодарил на Македонија и на АРМ за одличните резултати и покажаните способности во мировните мисии, особено „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Карпентер ја потворил поддршката на САД за членство на Македонија во НАТО и изразил надеж дека тоа ќе се оствари час поскоро.

Во рамки на посетата на Македонија, заменик-помошникот Карпентер ја посетил и Здружената оперативна команда, односно првата механизирана пешадиска бригада каде се запознал со активностите на јужната граница поврзани со мигрантската криза. Ги посетил и капацитетите на Центарот за обука на пилоти, единствен според понудата во Југоисточна Европа.

XS
SM
MD
LG