Достапни линкови

logo-print

Репортер на Ал Џезеира убиен во Сирија


Репортер на Ал Џезеира е меѓу убиените во воздушни напади во северна Сирија, соопштија од телевизијата. Тие велат дека еден од нивните соработницирепортери е убиен во градот Терманин во провинцијата Идлиб. Локалните активисти велат дека во воздушните напади загинале осум луѓе, а Сириската опсерваторија за човекови права, пак, вели дека загинале 14 луѓе, а десетици се повредени. Најмалку шест членови на Ал Џезеира се убиени додека известувале за конфликтот во Сирија од 2011, велат од телевизијата. Од Репортери без граници соопштија дека изминатата година во Сирија загинале седум новинари, а во 2015 загинале 15.

XS
SM
MD
LG