Достапни линкови

Нуланд се сретна со Груевски и со Заев


Актуелните политички предизвици, модалитетите за надминување на политичката криза, како и стратешкиот интерес на Македонија за членство во НАТО Алијансата биле тема на разговор меѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевскии помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот Викторија Нуланд. Во партиското соопштение се наведува дека соговорниците се сложиле дека суштински важен е излезот од политичката криза, за што, како што посочиле, е потребен ангажманот и придонесот на сите политички чинители во постигнување на решенија кои ќе внесат доверба во процесите.

Нуланд се сретна и со претседателот на СДСМ Зоран Заев.

На состанокот, соопшти СДСМ, се разговарало за политичката криза во Македонија и начините за нејзино решавање. Било истакнато дека ова е клучен период за постигнување договор за неопходните услови за фер и регуларни избори.

На состанокот била нагласена потребата од целосна независност на СЈО, професионална соработка на судството и МВР со СЈО, како потребата од недвосмислена поддршка на работата на СЈО, од страна на сите политички субјекти.

XS
SM
MD
LG