Достапни линкови

logo-print

Нуланд бара целосно спроведување на „ Пржино“


Целосно да се спроведе Договорот од Пржино и што поскоро да се постигне договор за одржување избори со цел излегување од политичката криза во која се наоѓа Македонија, порача Викторија Нуланд на прес-конференција во Американската амбасада во Скопје по средбите со политичките партии и невладиниот сектор.

„Очигледно е дека е постигнат одреден прогрес во имплементацијата на Пржинскиот договор, но сега е моментот да се заврши работата и Македонија да се постави на курсот за слободни и фер избори“, рече Нуланд.

Таа вели дека заминува од Скопје охрабрена.

„Се надевам дека преговарачките тимови во следните неколку денови ќе се обединат околу некои идеи кои сега се на маса со што ќе се фати курсот кон одржување избори. За ова ќе биде потребна политичка волја од сите страни и почувствував дека таа волја постои по средбите што ги имав денеска“, рече Нуланд.

Таа додаде дека амбасадорот Бејли и неговиот тим ќе продолжат со напорната работа заедно со Европската унија со цел политичките партии во земјата да дојдат до решение што е можно поскоро.

Втора цел на нејзината денешна посета во Македонија била да се даде поддршка на јакнењето на правдата и владеењето на правото. Нуланд се сретна и со специјалниот јавен обвинител Катица Јанева и нејзиниот тим. Таа нагласи декаработата на Јанева е од витално значење за обезбедување вистинско владеење на правото, одговорност и чист правен систем во земјава.

XS
SM
MD
LG