Достапни линкови

logo-print

Одбележана годишнина од злосторството во Сребреница


Во присуство на претставници на меѓународната заедница, босанските власти и семејствата на жртвите, во Поточари денеска е одржана комеморација по повод 21-годишнината од злосторствата извршени врз Бошњаците во Сребреница.

Началникот на општина Сребреница, Ќамил Дураковиќ рече дека денот кога падна Сребреница и кога во тој град е извршен геноцид, е еден од најмрачните денови на 20. век.

Претседавачот со Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, рече дека сега е повеќе од било кога решен да бара задоволување на правдата за секој убиен жител на Сребреница.

Претставници на српските власти оваа година беа прогласени за непосакувани во Сребреница, бидејќи, како што се наведува, „не го признаваат геноцидот“. Од Србија единствено присуствуваше само претседателот на опозициската ЛДП, Чедомир Јовановиќ.

XS
SM
MD
LG