Достапни линкови

logo-print

ЕУ го одложи Советот за стабилизација и асоцијација со Македонија


Европската унија ги откажа Советите за стабилизација и асоцијација што во втората половина на овој месец требаше да се одржат со Македонија, Турција и со Албанија. Со одлука на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Федерика Могерини, овие состаноци на највисоко ниво меѓу официјален Брисел и македонските, турските и албанските власти, во рамки на Советот за стабилизација и асоцијација се одложени за септември.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич во изјава за МИА вели дека состаноците се одложуваат поради проблеми во распоредот.

Македонија го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) со Европската унија во 2001 година, а истиот стапи на сила во 2004 година.

XS
SM
MD
LG