Достапни линкови

Ахмети и Нуланд за кризата и за евро-атланскиот пат


За начините како да се реши политичката криза во земјата и за враќање на евро-атлантската агенда, разговарале лидерот на ДУИ Али Ахмети и американскиот дипломат Викторија Нуланд, се наведува во соопштението на ДУИ. Ахмети и Нуланд се сретнаа во Американската амбасада во Скопје. Лидерот на ДУИ, стои во соопштението, ја уверил Нуланд дека ДУИ е конструктивна за изнаоѓање решение и изразил оптимизам за брзо постигнување компромис од двете страни во наредните денови. Овој компромис треба да резултира со сеопфатни, веродостојни и демократски избори што е можно поскоро.

Соочувајќи се со ризик од различни влијанија, како што информираат од ДУИ Ахмети побарал поддршка од Америка за Македонија на патот кон интеграција во НАТО и ЕУ, при што Нуланд истакнала дека тоа е заедничка цел.

XS
SM
MD
LG