Достапни линкови

Москва: НАТО се фокусира врз „непостоечка закана“ од Русија


Официјална Москва го критикува НАТО дека на самитот во Варшава се фокусирал врз, како што се наведува „непостоечка закана“ од Русија. За време на дводневниот собир, лидерите на Алијансата одобрија ново големо распоредување на сили во источна Европа како одговор на руската анексија на украински Крим во 2014 година и за поддршката на сепаратистите во Украина. „Прелиминарната анализа на резултатите од состанокот покажува дека НАТО продолжува да егзистира во некаков вид на воено политичко огледало на светот“, се наведува во соопштението на руското министерство за надворешни работи. Министерството најави дека ќе бара обаснувања за плановите на НАТО на Советот НАТО Русија на 13 јули.

XS
SM
MD
LG