Достапни линкови

Околу 1.300 мигранти блокирани на српско-унгарската граница


Околу 1.300 мигранти се блокирани на ничија земја на српско-унгарската граница, откако Унгарија одби да им дозволи влез на нејзина територија, соопшти денеска Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

Како што пренесува МИА во соопштението се изразува стравување поради можноста мигрантите да бидат принудени противзаконски да се вратат од Унгарија во Србија,

Унгарија неодамна воведе ново правило создавајќи контролна зона на нејзина територија во длабочина од осум километри од српската граница, во која се распоредени војници и полициајци со задача да ги пресретнуваат илегалните мигранти и да ги враќаат во Србија,

Според податоците на УНХЦР, во последниве недели одново се бележи пораст на бројот на мигранти кои преку Балканот се упатуваат кон државите од западна Европа.

XS
SM
MD
LG