Достапни линкови

logo-print

Владејачката коалиција води на изборите во Австралија


Австралискиот премиер Малколм Турнбул соопшти дека неговата конзервативна коалициска влада е повторно избрана за втор три годишен мандат. Тој прогласи победа иако се уште во тек е пребројувањето на гласовите од изборите. Претходно неговиот противник, опозициската Лабурустичка партија соопшти дека ги изгубиле изборите.

Турнбул е на чело на Либералната партија која ја предводи конзервативната коалиција. На неа и требаат најмалку 76 места во преставничкиот дом кои има 150 места за да може да формира влада.

Австралиска изборна комисија денеска соопшти дека конзервативната коалиција води со 76 места, лабуристите имаат 69, а помалите партии и независните пратеници освоиле пет места. Може да поминат денови и недели додека се знаат финалните резултати.

XS
SM
MD
LG