Достапни линкови

Шест турски војници убиени во бомбашки напади


Во два бомбашки напади на курдските милитанти во североисточна Турција загинаа шест турски војници. Турската војска соопшти дека четворица војници загинале кога нивното возило било уништено од бомба на пат во провинцијата Хакари, во близина на границата со Ирак. Друг војник и член на државна милиција биле убиени во експлозија на автомобил бомба во провинцијата Ван.

Анкара за нападите ја обвини забранетата Курдска работничка партија (ПКК). Две годишниот прекин на огнот меѓу ПКК и турската влада пропадна минатиот јули.

Повеќе од 40 000 луѓе се убиени во конфликтот откако ПКК која е означена како терористичка група од Турција, САД и ЕУ почна со нападите во 1984 година.


XS
SM
MD
LG