Достапни линкови

Нуланд денеска во Тирана и Приштина, утре во Скопје


Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд утре ќе пристигне во Скопје. Таа се очекува да се сретне со претставници на Владата, партиски функционерии претставници на граѓанското општество. Тема меѓудругото ќе биде и потребата од решавање на актуелната политичка криза. Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија Џес Бејли во интервју за Утрински весник на прашањето кои ќе бидат пораките и предлозите на Нуланд ги нагласи ургентните реформски приоритети , владеењето на правото, прашањето за медиумите. Тој го истакна и прашањето за одговорноста, што како што рече, го вклучува Специјалното јавно обвинителство.

Нуланд денеска е во Тирана, каде како што јавуваат албанските медиуми, ќе се сретне со шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати и со лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, а ќе има средба со претставници на граѓанскиот секор. Посетата ќе ја заврши со вечера со премиерот Еди Рама. Главна тема, како што јавува МИА, се очекува да бидат реформите во правосудството.

Таа, денеска ќе престојува и во Пришина, каде е предвидено да се сретне со косовскиот претседател Хашим Тачи, со спикерот на парламентот Кадри Весели, со премиерот Иса Мустафа, со потпретседателите на Владата, Хајредин Кучи и Бранимир Стојановиќ,како и со шефот на дипломатијата Енвер Хоџа. На средбите ќе стане збор за последните случувања во Косово, посебно прашањето за демаркацијата на границата со Црна Гора. Не се предвидени средби на Нуланд со косовската опозиција.

XS
SM
MD
LG