Достапни линкови

Одбележување на годишнината од масакрот во Сребреница


Илјадници луѓе изразија почит за жртвите на масакрот во Сребреница кој се случи во 1995 година, подигнувајќи ги рацете кон камионот во кој се превезуваат остатоците од телата на 127 новоидентификувани жртви. Церемонијата се одржа вчера и е дел од настаните со кои се одбележува 21 година од масакрот. Во него животите ги изгубија повеќе од 8000 муслимански мажи и деца.

Масакрот кој се случи пет месеци пред завршувањето на војната во Босна е најголема свирепост што се случила во Европа по Втората светска војна. Воениот суд на Обединетите нации го нарече масовното убиство геноцид.

Камионот во кој се пренесуваа остатоците од телата запре пред зградата на претседателството во Сараево каде што насобраните положија цвеќе и се молеа. Нивните тела беа пронајдени во масовната гробница и ќе бидат погребани утре на годишнината од масакрот.

XS
SM
MD
LG