Достапни линкови

Обама ја почна скратената посета на Шпанија


Американскиот претседател Барак Обама ја почна скратената посета на Шпанија со што ќе заврши неговата посета на Европа. Тој одлучи да ја скрати посетата на континентот поради кризата до која дојде во Соединетите Американски Држави по пукањето врз расна основа.

Обама денеска во Мадрид ќе се сретне со шпанскиот крал Фелипе Шести и со премиерот Маријано Рахој. Тој исто така ќе ја посети и поморската база во Рота во близина на Кадиз, во југоисточна Шпанија. Американскиот претседател кој пристигна во Шпанија вчера ја скрати својата посета на еден ден по нападот врз полицијата во Далас, Тексас.

Зборувајќи на прес конференција за време на самитот на НАТО во Варшава тој побара Американците да се обединат против насилството и да не дозволат актите на неколкумина да ги определат сите. Властите соопштија дека напаѓачот е 25 годишен армиски резервист. Тој на седми јули во Далас уби пет полицајци. Нападот следува откако полицајци убија две црни лица во Минесота и Лузијана.

XS
SM
MD
LG