Достапни линкови

Утре протест на Шарената револуција против задолжувањето


На својата страница на социјалната мрежа Фејсбук Шарената револуција ги повика граѓаните на протест утре во 19 часот пред просториите на Специјалното јавно обвинителство.

“Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте. Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи да владее криминално. Нема да дозволиме! Не прифаќаме државата и граѓаните да тонат во долгови! Не ги признаваме долговите на расипниците ” наведуваат од Шарената револуција.

Фејсбук страницата Јавен долг пак објави петиција за собирање потписи на интернет против еврообврзницата.

“Јас, одговорна граѓанка/одговорен граѓанин на Република Македонија, изјавувам дека не ја признавам еврообврзницата од 650 милиони евра која Владата сака да ја издаде и дека не сакам да го враќам тој долг во годините кои следуваат” пишува на петицијата со која се собираат потписите.

Од петокот не стивнуваат реакциите за одлуката на Владата да издаде еврообврзница во износ од 650 милиони евра. Досега реагираа повеќе опозициските партии, невладини организации , експерти со барање таа да не се реализира.

XS
SM
MD
LG