Достапни линкови

Судири во Кашмир по убиство на лидер на бунтовниците


Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени денеска во хималајскиот регион Кашмир откако индиската војска се судри со демонстрантите кои го прекршија полицскиот час и присуствуваа на погребот на еден од главните водачи на бунтовниците.

Полицискиот час беше обид да не се одржат протести откако индиските безбедносни сили соопштија дека ги убиле Бурхан Музафар Вани, водач на бунтовничката група Хизбул Муџахиден и двајца други бунтовници. Припадниците на групата која е поддржана од Пакистан беа убиени вчера.

Со ширењето на вестите за убиството еруптираа и судирите во повеќе области во Кашмир. Според извештаите безбедносните сили пукале кон демонстрантите откако тие фрлање камења кон полицијата, а запалиле и полициска станица.

Индиската полиција го опиша убиството на Вани како еден од најголемите успеси против бунтовниците во Кашмир каде што мнозинството од населението се муслимани и имаат симпатии кон бунтовниците.

XS
SM
MD
LG