Достапни линкови

logo-print

Разрешени безбедносни офицери во Багдад


Ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади ги разреши тројцата главни безбедносни функционери во Багдад по серијата смртоносни напади. Тој исто така ја прифати оставката од министерот за внатрешни работи Мохамед ал-Габан која ја поднесе на петти јули.

Разрешени од функциите се главниот на багдадската безбедносна команда, првиот човек на разузнавањето во главниот ирачки град и претставникот на Багдад во националниот безбедносен совет.

Ирачкиот шиитски свештеник Али ал-Систани претходно побара важни промени во главниот безбедносен ешалон. Ова следува по двата големи бомбашки напади минатата недела во кои загинаа десетици цивили.

XS
SM
MD
LG